Tренинг центарот на НДЦ Скопје нуди теоретска и практична обука за интеркултурно образование и Нансен модел (НМИО) и е посветен да обезбеди личен и професионален развој на воспитно-образовниот кадар во државата и регионот.
Тренинг центарот е основан во 2012. година, во партнерство во Министерство за образование и наука на Р. С. Македонија, а од 2013. година е воспоставено партнерство и со Советот за интегрирано образование на Северна Ирска.
Користејќи го повеќегодишното искуство од работата на развојот и примената на различни воспитно – образовни интеркултурни инцијативи, тимот на Нансен дијалог центар Скопје во партнерство со релевантни експерти и институции креираше повеќе програми за обуки фокусирани на интеркултурализмот како концепт и приод во воспитно-образовната сфера.
За да се обезбедат најдобрите програми и обуки за професионален развој, центарот ангажира локални и меѓународни обучувачи со долгогодишно искуство во областа на интегрираниото и интеркултурно образование и професионалниот развој на наставниците. Обуките во центарот се рализираат преку 60% теорија и 40% практична работа.
Проектот Нансен модел за интеркултурно образование и Тренинг центарот се финансиски поддржани од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Тренинг центарот на НДЦ Скопје постојано се стреми да биде неисцрпен извор и ризница на исклучителен креативен потенцијал, отвореност, соработка, доверба, почитување и развој.
Горди сме и искрено благодарни на сите наши наставници, соработници и предавачи кои се дел од оваа интеркултурна трансформација и мисија.
Следете нѐ на facebook
Како резултат на повеќегодишна соработка помеѓу НДЦ Скопје и педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје, започна обука од Модул А за уште една група...
Отворање на уште еден интеркултурен, ресуресен кабинет на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје ја потврди успешната, повеќегодишна...
Тренинг центар при НДЦ Скопје со задоволство ја најавува еднодневната обука „Со игри и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“! Доколку сакате да...
Тандемскиот начин на работа е токму тоа што е предизвик за мене и што во иднина сакам да го усовршам за да може да се применува во реализацијата на слободните ученички активности во нашето училиште.
Маја Митева - Петровска
наставничка при ОУ „Никола Карев“, КрушевоСо помош на програмата за обука во рамките на Тренинг Центарот стекнуваме нови вештини кои можеме да ги примениме во нашата работна средина и во нашите места на живеење.
Сихана Каба – Касами
наставничка при ОУ „Кирил и Методиј“, ТетовоОбуките ни понудија доста можности да научиме нов начин и пристап во работата со ученици
од различни етнички групи.
Дарко Талески
наставник при ОУ „Кирил и Методија“, с. КанатларциВо услови на постојан контакт со различна култура од сопствената, особено кога станува збор за основното образование, се превенира појавата на сегрегација, етноцентризам, национализам или расизам.
Ивана Илиевска
наставничка при ОУ „Братство Единство“, ОхридОсновната причина зошто овој Тренинг центар е силна инспирација за Европа е разбирањето кое го имате за тоа што претставува интеграцијата.
Стеинар Брин
„Нансен Дијалог Мрежа“, Норвешка