Предавања: Европски и меѓународни концепти за интегрирано образование и меѓукултурен дијалог

Предавања: Европски и меѓународни концепти за интегрирано образование и меѓукултурен дијалог

На 21 ноември 2014 год. во просториите на Еу инфо центарот во Скопје, учесниците од 5, 6 и 7-ма група во рамките на Тренинг центарот при НДЦ Скопје имаа можноста да научат повеќе за развојот на интегрираното образование во Северна Ирска како и на меѓународно, исто така и да добијат детални информации за програмата за непристрасност. Предавањето беше проследено со голем интерес од страна на учесниците кои активно учествуваа во сесијата за дискусија. Г-ѓа Паула Меклвејн е дел од меѓународниот тим на стручни обучувачи во рамките на Тренинг центарот при НДЦ Скопје.

На 22 ноември, 2014 год., учесниците од 3,4 и 5-та група при Тренинг центарот на НДЦ Скопје учествуваа на предавањето реализирано од страна на проф. д-р. Зви Бекерман. Професор Бекерман предава антропологија на образованието на Факултетот за образование и Мелтон Центарот, при еврејскиот универзитет во Ерусалим. Неговите главни интереси се насочени кон студиите за културниот, етничкиот и националниот идентитет вклучувајќи го и процесот на интеркултурен дијалог и формално/неформално учење. Неговите интереси се исто така насочени кон човечките процеси на учење, нивниот развој и пракса, и во формално / неформално и реалните / виртуелни средини, процеси кои, од социо-историски перспективи сочинуваат голем дел од човековата активност.

Предавањето беше реализирано во состав на програмата за напредно ниво на обука за интегрирано образование. Учесниците ја имаа можноста да научат повеќе за темите „Меѓукултурниот дијалог во формалниот и неформалниот образовен процес“. Предавањето беше проследено со голем интерес од страна на учесниците кои активно учествуваа во сесијата за дискусија. По завршувањето на обуката на учесниците од 3,4 и 5-та група им беа доделени сертификатите за успешно завршување на основното ниво на обука за интегрирано образование.