Имплементација на практични модули, реализација на НМИО за групите 6, 7, 8 и 9

Имплементација на практични модули, реализација на НМИО за групите 6, 7, 8 и 9

Во периодот од 1 април до 28 мај 2015 година, Тренинг центарот при НДЦ Скопје ги организираше практичните модули од основното ниво на обука за интегрирано образование наменето за учесниците од групите 6, 7, 8 и 9. Последниот и најважен дел од практичните модули беше практичната имплементација на активностите од Нансен моделот за интегрирано образование во училиштата во кои се имплементира Нансен моделот. Учесниците, организирани во билингвални тандеми, имаа задача да планираат и спроведат интегрирана воннаставна активност во едно од училиштата вклучени во проектот Нансен модел. Ова беше одлична можност за учесниците да го извежбаат теоретскиот дел од модулите на обука и практично да ги применат стекнатите вештини во реална мултикултурна и билингвална училишна средина. Благодарение на наставничките тандеми и учениците вклучени во проектот постоеше прекрасна атмосфера на добредојде.