Започна специјалистичката обука за Нансен модел за интегрирано образование за втората група учесници

Започна специјалистичката обука за Нансен модел за интегрирано образование за втората група учесници
На 25 ноември 2016 г. во просториите на Тренинг центарот, НДЦ Скопје го одбележа официјалниот почеток на специјалистичката обука за Нансен модел и приод, наменет за втората група учесници кои го започнаа процесот на обука со првото предавање на тема „Цели и задачи на интеркултурно образование“.  Креирањето на Специјалистичката обука за Нансен модел во основно и средно образование произлезе како иницијатива која има за цел надградување на знаења, усовршување на вештини и компетенции на наставниците коишто се повеќегодишни реализатори на Нансен модел за интегрирано образование, истаканти во својата тандемска работа и реализација, како и за наставниците коишто континуирано учествуваат во организирањето на проектните училишни активности според Нансен модел за интегрирано образование. Личната трансформација на вклучените тандеми, се надеваме ќе биде основа за идна позитивна трансформација на училиштата, благодарение на детектираните придобивки и бенефити на Нансен модел за интегрирано образование за целокупниот воспитно-образовен процес во Р. Македонија.