Предавања со локални експерти во рамки на специјалистичката програма за Нансен модел и приод

На 19 април, во просториите на Тренинг центарот при НДЦ Скопје, учесниците од Група 2 кои се дел од специјалистичката програма за обука за Нансен модел и приод присуствуваа на петтата обука на тема "Потребата за интеркултурно образование". Обуката беше реализирана од страна на проф. Енвер Абдулахи од Универзитетот "Мајка Тереза" во Скопје. Во специјалистичките модули за обука, исто така, беа реализирани предавања од страна на проф. д-р. Елена Ачковска- Лесковска, од Институтот за Психологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и проф. д-р. Сузана Миовска-Спасева од Институтот за Педагогија при Филозофскиот факултет- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје