Тренинг центар за интеркултурно образование

Тренинг центар за интеркултурно образование

Tренинг центарот на НДЦ Скопје нуди теоретска и практична обука за интеркултурно образование и Нансен модел (НМИО) и е посветен да обезбеди личен и професионален развој на воспитно-образовниот кадар во државата и регионот.

Тренинг центар за интеркултурно образование

Тренинг центарот е основан во 2012. година, во партнерство во Министерство за образование и наука на Р. С. Македонија, а од 2013. година е воспоставено партнерство и со Советот за интегрирано образование на Северна Ирска.

Користејќи го повеќегодишното искуство од работата на развојот и примената на различни воспитно – образовни интеркултурни инцијативи, тимот на Нансен дијалог центар Скопје во партнерство со релевантни експерти и институции креираше повеќе програми за обуки фокусирани на интеркултурализмот како концепт и приод во воспитно-образовната сфера.

За да се обезбедат најдобрите програми и обуки за професионален развој, центарот ангажира локални и меѓународни обучувачи со долгогодишно искуство во областа на интегрираниото и интеркултурно образование и професионалниот развој на наставниците. Обуките во центарот се рализираат преку 60% теорија и 40% практична работа.

Проектот Нансен модел за интеркултурно образование и Тренинг центарот се финансиски поддржани од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

10 години Тренинг центар за интеркултурно образование

 

Тренинг центарот на НДЦ Скопје постојано се стреми да биде неисцрпен извор и ризница на исклучителен креативен потенцијал, отвореност, соработка, доверба, почитување и развој.

Горди сме и искрено благодарни на сите наши наставници, соработници и предавачи кои се дел од оваа интеркултурна трансформација и мисија.

Новости од тренинг центарот

Следете нѐ на facebook

Обука „Со игра и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“

3 Април 2023
 

На 10., 17., 24., и 31 март успешно беше реализирана обуката на тема: „Со игра и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“ со четири групи на одделенски и...

Успешно завршен Модул А

3 Април 2023
 

Циклусот на обуки од Модул А, заврши успешно со доделување на Сертификати за студентите од Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски Скопје.

Обука со студенти

6 Март 2023
 

Како резултат на повеќегодишна соработка помеѓу НДЦ Скопје и педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје, започна обука од Модул А за уште една група...

+650

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ
И ПРЕДАВАЊА

+100

ГРУПИ НА УЧЕСНИЦИ
ВО ОБУКИТЕ

+1600

ОБУЧЕНИ СТУДЕНТИ, НАСТАВНИЦИ и СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ