За тренинг центарот

Tренинг центарот на НДЦ Скопје нуди теоретска и практична обука за интеркултурно образование и Нансен модел (НМИО) и е посветен да обезбеди личен и професионален развој на воспитно-образовниот кадар во државата и регионот.

Тренинг центарот е основан во 2012. година, во партнерство во Министерство за образование и наука на Р. С. Македонија, а од 2013. година е воспоставено партнерство и со Советот за интегрирано образование на Северна Ирска.

Користејќи го повеќегодишното искуство од работата на развојот и примената на различни воспитно – образовни интеркултурни инцијативи, тимот на Нансен дијалог центар Скопје во партнерство со релевантни експерти и институции креираше повеќе порграми за обуки фокусирани на интеркултурализмот како концепт и приод во воспитно-образовната сфера.

За да се обезбедат најдобрите програми и обуки за професионален развој, центарот ангажира локални и меѓународни обучувачи со долгогодишно искуство во областа на интегрираниото и интеркултурно образование  и професионалниот развој на наставниците. Обуките во центарот се рализираат преку 60% теорија и 40% практична работа.

Проектот Нансен модел за интеркултурно образование и Тренинг центарот се финансиски поддржани од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Последни новости

Преглед на сите новости

Сертификати за завршен Модул Б

Со предавањето на проф. д-р Огнен Спасовски на тема Позитивно образование, успешно заврши циклусот на обуки од Модул Б и беа доделени сертификати за две групи на учесници.

Реализирана третата работилница од Модул Б

„Форми, методи и средства за следење, проверување и оценување на постигањата на учениците” беше темата на третата работилница од обуките на Модул Б, реализирана од страна на проф. д-р Вера Стојановска за две групи на наставници.

Реализирана последната обука од Модул А

Со предавањето на професорот  Стајнер Брин, успешно е завршен циклус од 6 работилници од Модул А. Преку 50 наставници, стручни соработници и воспитувачи активно партиципираа на обуките посветени на интеркултурното образование.

Реализирана петтата работилница од Модул А

Петтата работилница на тема: Позитивно образование беше успешно реализирана од страна на проф. д-р Огнен Спасовски, за пет групи на наставници од Модул А. Повеќе аспекти на позитивно образование и важноста на истото во секојдневниот училиштен живот беа истакнати низ различни активности и дискусии.