Третата работилница од Модул А за пет групи учесници

„Надминување на стереотипите и предрасудите во училишните средини” е трета тема содржана во програмата за обуки од Модул А. 60 наставници и стручни соработници од речиси сите делови на државата имаа непосредна можност да ги освежат знаењата, но и да ги надградат вештините за препознзвање, справување и превенирање на стереотипи и предрасуди, често присутни во училишен контекст.