Креирањето на образовните програми и модули е базирано на долгорочните и развојни препораки и решенија вградени во стратешкиот документ: Концепција за интеркултурно образование. Поаѓајќи од од визијата на истата, за негување на интеркултурни односи и интеграциски процеси, како и создавање на воспитно-образовниот амбиент во кој ќе се промовираат културните различности, при осмислувањето на програмската понуда на Тренинг центар за интеркултурно образование, беа земени предвид сите аспекти на воспитно-образовната работа во основните и средните училишта, како:

  • содржините за работа,
  • форми, методи, техники на учење и поучување,
  • учебниците, материјалите и други средства за работа,
  • воннаставните активности,
  • компетенциите на наставниците, стручните соработници, директорите,
  • амбиeнт во воспитно-образовните институции, како и
  • поврзаноста на воспитно-образовните институции со поширока заедница.

Програмите и модулите се структуирани низ повеќе специфични области кои се базирани на повеќеслојни теми, кои ќе му овозможат на секој учесник во обуките да се запознае со концептот и идејата за интеркултурно образовние, како и со стратегии за успешна имплементација на овој образовен концепт во интеркултурни училишни опкружувања.

Воедно низ предвидените модули, секој учесник ќе има непосредна можност да се запознае со придобивките на кроскурикуларен пристап во спроведување на различни интеркултурни иницијативи во образовната сфера, како современ педагошка тренд, но и глобален воспитно-образовен предизвик.

Учесниците коишто ќе бидат вклучени во овој вид на обуки ќе имаат можност за развивање, стекнување и усовршување на следни три вида на вештини и компетенции, како стандарди на програмите, т.е.:

персонални и интерперсонални компетенции,

крос-курикуларни компетенции,

когнитивни и креативни вештини.

Цели на Програма за обука за интеркултурнo образование (МОДУЛ Б):

  • Креирање на разновидни интеркултурни стратегии при реализирање на воспитно-образовениот процес;
  • Сензибилизирање за важноста на безбедна и позитивна социо-емоционална клима во училиштата;
  • Запознавање со добри искуства и практики во сфера на вреднување и оценување, со запазување на интеркултурен предзнак;
  • Негување на непристрасен приод;
  • Зајакнување на интеракција, соработка и доверба помеѓу наставниот кадар од различни етнички заедници.

СОДРЖИНА И СТРУКТУРА НА ОБУКАТА

Обуката ги содржи следниве теми:

Сите наведени програмски подрачја е предвидено да се реализираат преку повеќе поддтеми.

Во реализација на истите ќе бидат вклучени обучувачи од ТЦНМИЕ при НДЦ Скопје, како и домашни и меѓународни експерти за посочените области.

Обележја на обуките се:

  • Интерактивен начин на работа
  • Двојазичен / тројазичен приод
  • Работа во мали групи
  • Групна дискусија
  • Симулации
  • Учење по пат на решавање на проблеми
  • Играње на улоги

Учесниците кои што активно ќе ги поминат сите предвидени теми, ќе добијат сертификат од меѓународен карактер за успешно завршена обука.