Новости од тренинг центарот

Обука „Со игра и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“

3 Април 2023

На 10., 17., 24., и 31 март успешно беше реализирана обуката на тема: „Со игра и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“ со четири групи на одделенски и предметни наставници, предучилишни воспитувачи и стручни соработници.

Успешно завршен Модул А

3 Април 2023

Циклусот на обуки од Модул А, заврши успешно со доделување на Сертификати за студентите од Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски Скопје.

Обука со студенти

6 Март 2023

Како резултат на повеќегодишна соработка помеѓу НДЦ Скопје и педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје, започна обука од Модул А за уште една група на студенти. Првата работилница ја нагласи важноста на интеркултурното образование како педагошка тенденција.

Соработка со Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје

20 Февруари 2023

Отворање на уште еден интеркултурен, ресуресен кабинет на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје ја потврди успешната, повеќегодишна соработка на оваа високообразовна институција и НДЦ Скопје. Потпишувањето на новиот меморандум за соработка ќе овозможи заеднички...

„Со игри и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“

20 Февруари 2023

Тренинг центар при НДЦ Скопје со задоволство ја најавува еднодневната обука „Со игри и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“! Доколку сакате да присуствувате, потребно е да се пријавите на следниот линк https://tcie.mk/apliciraj

Доделени сертификати за завршен Модул Б

5 Декември 2022

Со предавањето на проф. д-р Огнен Спасовски на тема Позитивно образование, успешно заврши циклусот на обуки од Модул Б и беа доделени сертификати за две групи на учесници.

Реализирана третата работилница од Модул Б

27 Октомври 2022

„Форми, методи и средства за следење, проверување и оценување на постигањата на учениците” беше темата на третата работилница од обуките на Модул Б, реализирана од страна на проф. д-р Вера Стојановска за две групи на наставници.

Реализирана последната обука од Модул А

22 Октомври 2022

Со предавањето на професорот  Стајнер Брин, успешно е завршен циклус од 6 работилници од Модул А. Преку 50 наставници, стручни соработници и воспитувачи активно партиципираа на обуките посветени на интеркултурното образование.

Реализирана петтата работилница од Модул А

4 Октомври 2022

Петтата работилница на тема: Позитивно образование беше успешно реализирана од страна на проф. д-р Огнен Спасовски, за пет групи на наставници од Модул А. Повеќе аспекти на позитивно образование и важноста на истото во секојдневниот училиштен живот беа истакнати низ различни активности и...

Успешно реализирана втората работилница од Модул Б

30 Септември 2022

Втората работилница од Модул Б на тема „Интеркултурни воспитно-образовни пристапи“ беше успешно реализирана од страна на проф. д-р Сузана Миовска – Спасева за две групи на наставници. Работилниците ги обележа богата, плодна и конструктивна дискусија и соработка.

Успешно реализирана првата работилница од Модул Б

15 Септември 2022

На тема „Негување на безбедна училишна клима”, беше реализирана првата обука од Модул Б за две групи на наставници. Проф. д-р Елена Ачковска Лешковска, претстави и понуди повеќе практични и применливи стратегии за градење на безбеден училишен амбиент.

Реализирана четвртата работилница од Модул А

1 Јули 2022

Четвртата работилница од Модулот А беше успешно завршена за пет групи наставници и стручни соработници. Темата на четвртата работилница од Модул А – Комуникацијата како важна алатка во негувањето на интеркултурна училишна средина овозможи дефинирање на повеќе корисни препораки и насоки...