Новости од тренинг центарот

Третата работилница од Модул А за пет групи учесници

30 Мај 2022

„Надминување на стереотипите и предрасудите во училишните средини"" е трета тема содржана во програмата за обуки од Модул А. 60 наставници и стручни соработници од речиси сите делови на државата имаа непосредна можност да ги освежат знаењата, но и да ги надградат вештините за...

Успешно спроведена првата работилница од Модул А

12 Мај 2022

Во текот на месец мај, Тренинг центарот при НДЦ Скопје успешно ја спроведе првата работилница од Модулот А за пет различни групи на наставници. Темата на оваа работилница беше „Предизвици на интеркултурното образование”. На оваа обука за интеркултурно образование се вклучени...

Нов циклус на обуки од Модул А за наставници

31 Март 2022

На 12 мај 2022, Тренинг центарот на НДЦ Скопје започна со новиот циклус на обуки од Модулот А. Овој циклус ќе го посетуваат 5 групи наставници. Им благодариме на сите учесници за искажаниот интерес и мотивираноста за вклучување на  обуките што ги нуди тренинг центарот.

Четврта обука од Модул Б со Лин Џонстон

25 Март 2022

На тема „Непристрасен приод во образованието” беше реализирана четвртата работилница за две групи на наставници од страна на д-р Лин Џонстон. Оваа обука е резултат на долгогодишната соработката меѓу НДЦ Скопје и Советот за интегрирано образование на Северна Ирска.

Третата работилница од Модул Б беше успешно спроведена

11 Март 2022

„Форми, методи и средства за следење, проверување и оценување на постигањата на учениците” беше темата на третата работилница од обуките на Модул Б, реализирана од страна на проф. д-р Вера Стојановска за две групи на наставници.

Нов циклус на обуки од Модул А за студенти

25 Февруари 2022

Предизвици на интеркултурното образование беше темата на првата работилница од обуките од Модул А. Во работилницата учествуваа студенти од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, Институтите за психологија и педагогија, при Филозофскиот факултет во Скопје и Меѓународниот...

Успешно реализирана втората работилница од Модул Б

25 Февруари 2022

На 16 и 17.02.2022 е реализирана втората работилница од Модул Б за две групи на наставници на тема „Интеркултурни воспитно-образовни пристапи“. Обуката ја спроведе проф. д-р Сузана Миовска-Спасева и истата помина во конструктивна и интерактивна атмосфера.

Започна нов циклус на обуки од Модул Б за две групи наставници

25 Февруари 2022

На 14 и 15.02.2022 се одржа првата работилица од новиот циклус на обуки од Модул Б за две групи на наставници. Проф. д-р Елена Ачковска Лешковска одржа предавање на тема „Создавање и негување на безбедна училишна средина“. Обуките од Модул Б може да ги следат наставници и стручни соработници кои...

Успешно се реализираа четири работилници од Модулот А

25 Февруари 2022

Првите четири работилници од Модулот А со две групи на наставници беа успешно завршени. Темите кои беа обработени беа: Предизвици на интеркултурното образование; Интеркултурни воспитно-образовни приоди; Надминување на стереотипите и предрасудите во училишните средини и Комуникацијата како...

Професор Брин – предавач на последната обука од Модул А

25 Февруари 2022

Професорот Стајнер Брин беше предавач на последната обука од Модулот А за интеркултурно образование која успешно ја проследија студентите од Институтите за педагогија и психологија, при Филозофскиот факултет во Скопје и студентите од Педагошки факултет Св. Климент Охридски во Скопје.