Новости од тренинг центарот

Обука за повеќегодишни реализатори на НМИО

25 Февруари 2022

Проф. д-р Вера Стојановска спроведе три обуки за 60 наставници кои се повеќегодишни промотори на Нансен модел за интеркултурно образование. Обуките беа посветени на темата: Форми, методи  и средства за следење, проверување и оценување на постигањата на учениците.

Успешно завршен Модул А

25 Февруари 2022

Обуката од Модул А успешно ја завршија 60 наставници од основно и средно образование, како и стручни соработници. Обуката преку 6 реализирани теми ги нагласи перспективите на интеркултурното образование.

Нов циклус на обуки од Модул А за студенти

25 Ноември 2021

Студентите од Институтите за педагогија и психологија, при Филозофски факултет, Скопје и од Педагошки факултет Св. Климент Охридски, Скопје започнаа нов циклус на обуки како поддршка на интеркултурните знаења и компетенции.

Обука за повеќегодишни реализатори на Нансен модел

17 Ноември 2021

Три групи на наставници и стручни соработници, од повеќе модел училишта ја проследија обуката реализирана од страна на проф. д-р Огнен Спасовски, а посветена на препознавањето и негувањето на емоционалната интелигенција.

Реализирана последна обука од Модул А

1 Ноември 2021

Со предавањето на професор Стајнер Брин, успешно е завршен циклус од 6 работилници од Модул А. Преку 50 наставници и стручни соработници активно партиципираа на обуките посветени на интеркултурното образование.

Обуки за повеќегодишни реализатори на НМИО

1 Ноември 2021

Врсничкото насилство и начини за негово превенирање беа обработени на 3 работилници, реализирани од страна на проф. д-р Елена Ачковска – Лешковска.

Над 50 долгогодишни соработници на НДЦ Скопје – наставници и стручни соработници беа активно вклучени во истите.

Реализирана петта обука од Модул А

13 Октомври 2021

Проф. д-р Огнен Спасовски ја оддржа обуката за петте групи наставници од Модул А. На обуката беше нагласена важноста на Позитивното образование, како предуслов за интеркултурноста.

Доделување на сертификати од Модул А за три групи на студенти

13 Октомври 2021

На 30.09.2021 год., со големо задоволство беа доделени сертификатите на студентите идни стручни соработници и наставници, кои успешно ги завршија обуките од Модул А. Во текот на 2021. година НДЦ Скопје воспостави партнерска соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ, како и со Интернационалниот...

Завршен Модул А обуки за интеркултурно образование за наставниците од Косово

13 Октомври 2021

Обуката од Модул А, која беше резултат на соработката на НДЦ Скопје со Мисијата на ОБСЕ во Косово, е успешно завршена. Учесниците, наставници од Косово, ја заокружија обуката со нови интеркултурни компетенции и вештини кои ќе бидат поддршка на воспитно образовниот процес.

Обуката за студенти од Модул А заврши со предавање од проф. Стајнер Брин

31 Август 2021

Проф. Стајнер Брин, основачот на мрежата Нансен на Балканот, ја реалираше последната обука од Модул А со студентите од Институтот за психологија, Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет и Балканскиот меѓународен универзитет.

Завршување на обуката од Модул Б со групата од Косово

30 Август 2021

На 31.08.2021 година, се реализираше последната обука од Модул Б за учесниците од Косово. Обуката беше плод на соработката помеѓу НДЦ Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Косово. На учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршување на Модулот Б.

Завршување на третиот дел од обуките од Модул А

7 Јуни 2021

Третиот дел од обуките од Модул А се успешно реализирани со учесниците од петте групи. Тие беа посветени на темата „Стерeотипи и предрасуди во училишна средина“ и реализирани од страна на тимот за едукација на Нансен Дијалог Центар.