Тренинг центар при НДЦ Скопје со задоволство ја најавува еднодневната обука „Со игри и интеракција до пријатна атмосфера во училницата“ 

  • Датум и време: 31. март 2023, 12:00 часот
  • Mесто на оддржување: Интеркултурен ресурсен кабинет при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје
  • Обучувачи на обуката ќе бидат: Биљана Крстеска-Папиќ, д-р по педагошки науки  и Сонај Билал, м-р по психолошки науки, со над 15 години искуство во тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје.
  • Обуката е наменета за: наставници, предучилишни воспитувачи, стручни соработници (педагози, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, социолози, социјални работници, библиотекари и др.), образовни асистенти, студенти и сите останати заинтересирани лица.
  • Обуката ќе биде во времетраење од 3 часа. Истата ќе биде насочена кон дефинирање, презентирање и примена на конкретни, успешни игровни и интерakтивни стратегии, како и нивните придобивки за децата, учениците во процес на социјализација и учење.   

Карактеристики на обуката: 

  • Интерактивен начин на работа,
  • Двојазичен / тријазичен приод (македонски/албански/турски јазик, во зависност од структурата на групата),
  • Работа во мали групи,
  • Групна дискусија,
  • Симулации,
  • Учење по пат на решавање на проблеми,
  • Играње на улоги.

- По завршување на обуката, за секој учесник следува сертификат за успешно завршена обука.

Како да се пријавите?

Доколку сакате да присуствувате, потребно е да се пријавите на следниот линк https://tcie.mk/apliciraj

Котизација за учество на обуката изнесува 1000 денари, вклучувајќи ги работните материјали и прирачник. Уплатата на котизацијата се врши преку уплатница ПП30 или ПП10 во банка или преку електронско банкарство. НАСОКА ЗА ВРШЕЊЕ НА УПЛАТА

- Местата се ограничени! Пријавувањето и уплатата се врши најдоцна до 28.03.2023. година.

За сите дополнителни прашања и информации, може да нѐ контактирате на телефон 02/3209-905 или на e-mail адреса: trening@tcie.mk