Нансен Модел брошура

Број на страни: 4

Формат: pdf

Големина: 3.65 MB

Вовед во публикацијата

Нансен моделот за интеркултурно образование (НМИО) е нов модел на образование во Р.С. Македонија кој овозможува успешна интеграција на учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно образовен процес.

НМИО е модел на образование кој ги негува, охрабрува и интегрира во себе мултиетничките вредности, двојазичноста и истовремено ја промовира и поддржува соработката помеѓу учениците, наставниците и родителите која е втемелена врз почитувањето на разликите, градејќи притоа една кохезивна мултиетничка заедница.

Моделот е развиен и практично применет во 2007 година после две годишна работа на проекти за дијалог и помирување во пост-конфликтните и поделени општини во Р.С. Македонија. Од тогаш, моделот успешно се применува во неколку селектирани основни и средни училишта низ различни општини во Р.С. Македонија и покажува одлични резултати.