Број на страни: 32
Формат: pdf
Големина: 28.1 MB
Почитувани наставници, професори и реализатори на интеркултурни воннаставни активности според Нансен моделот за интеркултурно образование,
Создавањето интеркултурен дизајн на едно училиште е една мошне сложена, комплексна, но пред сè и креативна задача, бидејќи подразбира градење имиџ на училиште што ги почитува и промовира интеркултурни вредности и придобивки.
Креирањето на интеркултурно опкружување во едно училиште подразбира повеќеслоен пристап во насока на уредувањето на училишниот простор и училишниот двор.
Интеркултурно дизајнирање на училиштата претставува долгорочен процес, во кој постепено но континуирано се промовираат вредностите како: почитување, толеранција, соработка, помагање, отворено меѓусебно комуницирање, слободно изразување на различностите и сл.
Преку содржините на овој практикум би сакале да им понудиме на сите непосредни реализатори на Нансен моделот за интеркултурно образование повеќе корисни и успешни модели, начини на сензибилизирање на учениците, нивните родители и семејствата за интеркултурни вредности, токму благодарение на елементите коишто се вградени и содржани при уредувањето на училишниот простор кој, всушност, е еден вид извор или „скриен“ курикулум.
Понудените модели треба да послужат само како еден вид урнек, ориентир за наставничките тандеми кога пристапуваат кон организирањето и уредувањето на училишниот простор со цел да ги зачува наедно и главните обележја на Нансен моделот за интеркултурно образование, како: промоција на тимска и тандемска соработка; индивидуализиран пристап кон учениците во согласност со нивните можности, потенцијали, способности, интереси; зачувување на двојазичната компонента и сл.
Најголемиот број од селектираните фотографии, како успешни и добри примери за интеркултурно дизајнирање на училишните опкружувања произлегуваат од училиштата што веќе неколку години успешно го имплементираат Нансен моделот за интеркултурно образование, при што наедно им ја изразуваме благодарноста на наставничките тандеми и тимови што учествувале во нивното подготвување.
Се надеваме дека тие ќе ве инспирираат и ќе ве поттикнат за осмислување на уште многу нови, оригинални интеркултурни содржини што ќе послужат како темел во создавањето имиџ на едно училиште как