Број на страни: 0
Формат:
Големина: 4 KB
Преземете ја пликацијата за различни уреди
Овој разговорник е наменет за сите корисници што го знаат македонскиот или албанскиот, а сакаат да го научат другиот јазик!
Сесрдното залагање на Нансен Дијалог Центар – Скопје и на Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ за подобро разбирање на двата народа, а по успешно направениот двонасочен македонско – албански и албанско – македонски речник, продолжува и со реализацијата на овој разговорник.
Учењето на јазикот на другарката/ другарот од училиште, на сосетката/ соседот од маалото, или на колешката/ колегата, е веќе поедноставно, поинтересно и на чекор до Вас! Со електронски пристап преку компјутер или на мобилен телефон или со книга во рацете (за тие што не сакаат електронски уреди), Ви обезбедуваме лесно и брзо совладување на основните изрази за конверзација што се користат во секојдневното живеење во дваесет и првиот век.
Во овој разговорник се прикажани ситуации што се можни, а што ние ги осмисливме за Вас, со интересни дијалози и со конкретни ликови, кои живеат, учат и работат во оваа средина. За секоја конкретна ситуација има и избрани едноставни делови од граматиката на двата јазика што можете да ги научите, избран фонд на потребни зборови за дадената ситуација и поговорка со исто значење на двата јазика (со иста или различна форма). Изразите што ги користиме се во согласност со учтивото обраќање и изразување на двата јазика, но користиме и едноставни секојдневни изрази, кои ја отсликуваат реалната ситуација во комуникацијата, а не претставуваат вештачки шаблон.
Со голема благодарност за поддршката на Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ и Нансен Дијалог Центар – Скопје, Ви посакуваме успешно и лесно совладување на македонскиот и на албанскиот јазик. Пријатна прошетка во виртуелниот свет на овие два балкански јазика, различни, но слични!