101 игра - лесни, интересни и забавни игри за сите

Број на страни: 118

Формат: pdf

Големина: 8.97 MB

Вовед во публикацијата

Основните постулати на интеркултурното образование: емпатија, солидарност, помагање, почитување, поддршка и споделување, најлесно можат непосредно и континуирано да бидат промовирани низ разновидни игровни ситуации.

Играта е една од клучните алатки на интеркултурните воспитно-образовни интеревенции, без оглед на возраста на учениците. Таа поттикнува на спонтано развивање на меѓусебната комуникациија; носење на заеднички одлуки; надминување на одредени предизвици; споделување на идеи, предлози, реквизити; меѓусебно помагање и поддржување во реализирањето на игровните елементи; сензибилизирање за потребите, чувствата, очекувањата на соиграчите; почитување на групните правила, задачи и улоги.

Игрите се неисцрпен извор на мноштвото можности за вклучување на разновидни дидактички елементи, што им овозможува лесно да се вградат во различни воспитно-образовни содржини. На тој начин, игрите стануваат важен двигател на наставниот процес, внесувајќи интеракција, мотивација, радост и позитивно расположение помеѓу сите нејзини учесници.

Со цел на поддршка на разновидни игровни инцијативи и активности, направен е избор на 101 игра. Веруваме дека тие може лесно да бидат адаптирани и за училишни и за семејни услови, па токму затоа оваа ризница на игри е креирана за сите воспитувачи, наставници, стручни соработници, но и родители, ученици и други љубопитници.

Понудените игри не се ограничени со класификации во различни категории, на пример, како игри за опуштање, игри за зајакнување на соработката, игри за подобрување на концентрацијата итн., бидејќи со различни модификации лесно може да преминат од една категорија во друг вид на игровна активност.

Веруваме дека овие 101 игра ќе бидат поттик за безброј игровни активности во различни амбиенти, но секогаш со позитивен и весел предзнак.